ТИВЕРИОПОЛ.МК
„Одредени НВО се обидуваат пипците да ги вбризгат во струмичкото ткиво на нормалноста.“
Посликовито и да сакаме, не можеме да го опишеме овој чудовишен октопод, за кој посочува и градоначалникот Kostadin Kostadinov , креатура која своите отровни пипци сака да ги слепи и вбризга во здравото ткиво на струмичкото општество.
Сведоци сме, на она што со месеци наназад го разобличуваме, дека едни исти луѓе кои гравитираат во едни исти невладини организации што го промовираат контроверзниот род, родов идентитет и ЛГБТИ+ агендата, се улулкуваат и ја институционализираат својата (не)моќ и фрустрација. Пуштаат длабоки корени во она што треба да биде, а очигледно дека не е, „дом на заштита од дискриминација“ и си работат по, за нив најбезболниот принцип, „кадија те тужи, кадија те суди“.
Како поинаку да одговориме на оваа гротеска, накострешеност против децата, која „дискриминацијата“ ја меша со пристојноста и културата на однесување во образвовниот процес каде што треба и да се образуваат личностите, а не да се обезобразуваат!? Како поинаку да гледаме на овој обид за дискфалификација на струмичките образовни бедеми, кои децении наназад креирале и креираат личности со вредности, на кои почива општеството?!
Струмичани, како и до сега, така и понатаму, да им демонстрираме на овие токсични НВО дека не се откажуваме од нормалното, од она што со векови нѐ одржало на нозе – нашата љубов кон децата, семејството и правдата.
Денес повторно треба да покажеме разум, треба да се обединат сите граѓани, без разлика на политичка и партиска припадност, без разлика на вера, етникум и пол, цврство во одбрана на директорката на струмичката гимназија Невенка Стојанова за да покажеме одлучност дека секогаш и во секој момент ќе застанеме во заштита на нашите деца и нема да дозволиме отровните пипци на „октоподот“ да ги затрујат и да ги втурнат во морето на темнината.
И овој пат сплотено да покажеме дека сме на страна на Вистината!