Тешка сообраќајка во Струмица: Се судриле „цитроен“ и мотоцикл

април 13, 2022

На 12.04.2022 во 13.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од ул.„Мајка Тереза“ и ул.„Коло Орцев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „цитроен берлинго“, управувано од Д.Д.(41) од Струмица и мотоцикл „џилера“, управуван од малолетник од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и малолетен сопатник на мотоциклот, додека Д.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: