„ТЕЛЕКАБЕЛ“ ЗА СТРУМИЦА ДЕНЕС: ПРАВИМЕ НАПОРИ ДА ДОБИЕМЕ ВЛЕЗ ВО „ГЛОБАЛ“ ЗА ДА ГО АКТИВИРАМЕ СВОЕТО СОПСТВЕНО НАПОЈУВАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СИГНАЛ!

јануари 4, 2021

Во телефонски разговор со Струмица Денес, правните служби на „Телекабел“ изјавија дека во моментот се прават големи напори да добијат влез во „Глобал“.

Како што не информираа, најверојатно немаат никаква штета направено од пожарот и веднаш чим добијат пристап до своите простории ќе го активираат своето сопствено напојување со што корисниците би добиле сигнал.

Во моментот екипите на „Телекабел“ се на терен!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ