Славе Андонов, градоначалник на општина Василево:
✅НЕКА СЕ АИРЛИЈА – 10 НОВИ ПРОЕКТИ!
👇Во просториите на Министерството за локална самоуправа поднесовме 5 проекти за финансирање со поддршка на Владата на Република Македонија во рамките на Јавниот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа.
🙌5 нови проекти со целокупната потребна документација за нивна реализација се:
📍Изградба на отворен канал во Дукатино;
📍Изградба на фекална канализација во Радичево;
📍Реконструкција и ревитализација на улица од влез до центар на Пиперево ;
📍Реконструкција на улица во Нова Маала кон гробишта;
📍Изградба на последен крак од фекална канализација во Пиперево;
👉Дополнително до Министерството за транспорт и врски поднесовме 2 (два) проекти , 1 (еден) до Министерството за локална самоуправа и 2 ( два ) проекти преку ЈИПР до Министерството за локална самоуправа и тоа:
📍Изградба на отворен канал во Владевци;
📍Уредување на школски двор во ООУ ,,Гоце Делчев” во Ангелци;
📍Изградба на нова фаза на фекална канализација во Василево К26;
📍Изградба на улица кон црквата Успение на пресвета Богородица во Владевци;
📍Изградба на улица кон болницата во Пиперево.
‼️Изминатиот период работевме посветено се со цел да ја подготвиме целокупната документација за реализација на овие проекти и да бидеме подготвени за Јавниот повик од Владата.
👏Изразувам благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски за реализацијата на овој проект со кој општините низ цела Македонија бележат историски развој.
✌️Граѓаните заслужуваат модерна и инфраструктурно развиена општина Василево.
👍Изминатите 3 години на дело покажавме како се работи и како се реализираат дела!