СЗО ПОВИКА ДА ГИ ОТКАЖЕТЕ ПРАЗНИЧНИТЕ ПРОСЛАВИ И СОБИРИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ОМИКРОН!

декември 21, 2021

Светската здравствена организација ги повика луѓето да откажат некои од своите празнични планови во интерес на јавното здравје, додека сојот омикрон забрзано се шири низ светот.

„Откажан настан е подобро од откажан живот. Мора да се донесат тешки одлуки“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека претстојните празнични патувања ќе го рашират омикрон, дури и меѓу целосно вакцинираните. САД ги советуваат своите граѓани да не патуваат во повеќе од 80 држави.

Холандија повторно прогласи строг карантин, што ќе трае до средина на јануари, а Франција и Германија воведоа ограничувања за патувања. Велика Британија засега нема да враќа строги мерки, но премиерот Џонсон кажа дека владата го задржува тоа право.

„Новите докази покажуваат дека омикрон се шири значително побрзо од делта. Не би било мудро да се заклучува дека омикрон е поблага варијанта. На сите ни е смачено од пандемијата, сите сакаме да бидеме со роднини и пријатели и да се вратиме во нормала. Но, буквално сите мора да донесеме тешки одлуки за да заштитиме други, а тоа вклучува откажување настани. Подобро да се откаже сега и да се слави подоцна, отколку да се слави сега, а да се тагува подоцна“, изјави Гебрејесус.

Тој смета дека пандемијата би можела да заврши во 2022 ако 70% од населението во секоја држава е вакцинирано до средина на следната година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ