СВР СТРУМИЦА ВО УЧИЛИШТЕТО ВО НОВА МААЛА СПРОВЕДЕ АКТИВНОСТИ СО УЧЕНИЦИ НА ТЕМИ „ЗЛОУПОТРЕБИ НА ДРОГА“ И „ТРГОВИЈА СО ДЕЦА“

ноември 4, 2022

На 03.11.2022 Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица спроведе повеќе превентивни активности со ученици од училиштето „Атанас Нивичински“ во село Нова маала, струмичко.

Во периодот од 11.30 до 14.00 часот беа спроведени активности со ученици од седмо и деветто одделение на теми „Злоупотреба на дрога“ и „Трговија со деца“, при што на учениците им беа поделени и брошури со едукативна содржина.

Во периодот од 13.30 до 14.30 часот едукативно предавање беше спроведено со ученици од прво и второ одделение од истото училиште, на тема „Безбедно од дома до училиштето и назад“, при што им беа поделени боенки и распореди за часови обезбедени во партнерство со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ