strumica denes logo

СВР СТРУМИЦА: ЌЕ СЛЕДУВААТ КАЗНИ ЗА ПРЕГЛАСНА МУЗИКА ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И ТОЧЕЊЕ НА АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА, КАФУЛИЊАТА И ДИСКОТЕКИТЕ ДА БИДАТ ПРЕТПАЗЛИВИ!

Автор:

Датум:

јули 8, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јули 8, 2019

Категории:

Струмица

СВР СТРУМИЦА:

Почитувани, Секторот за внатрешни работи-Струмица, во рамките на своите надлежности во текот на месец јуни и јули 2019 година, превзема интензивни мерки и активности самостојно или во содејство со надлежни инспекциски служби, имајќи ја во предвид зголемената раздвиженост во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките во кои, забележително е присуството на млади, посебно во вечерните часови. Активностите на полициските службеници се насочени на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти.

Активностите пак на инспекциските служби се насочени на не издавање фискални сметки, не водење книга за дневни финансиски извештаи и сл. На подрачјето на ПС од ОН Струмица, при контрола во угостителските објекти во 8 угостителски објекти констатирани се 8 прекршока (пуштање гласна музика) предвидени во чл.8 од ЗППЈРМ. Секторот за внатрешни работи –Струмица, апелира до сопствениците на угостителските објекти, кафулиња, дискотеки, ноќни барови и други, да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музички групи. Во спротивно, ќе се соочат со пријави и глоба која се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице на правното лице.

Доколку, пак, станува збор за трговец-поединец, глобата изнесува од 500 до 800 евра, доколку не превземе конкретни мерки да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир во неговиот објект. На подрачјето на ПС од ОН Струмица, при контрола во угостителските објекти, во 6 угостителски објекти констатирани се 6 прекршока по чл.21 од ЗППЈРМ (овозможување присуство на малолетници подоцна од 24,00 часот). Секторот за внатрешни работи – Струмица, апелира, угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по 24,00 часот, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци.

При извршените контроли во угостителските објекти на подрачјето на ПС ОН Струмица, покрај констатираните прекршоци во 3 угостителски објекти откриени се 3 кривични дела “точење алкохолни пијалоци на малолетници“ предвидени во чл. 204 од КЗ. Во содејство пак со надлежни инспекциски служи во 4 угостителски објекти откриени се 4 прекршока по чл.11 од ЗГРП (не води книга за дневни финансиски извештај) во 2 угостителски објекти констатирани се 2 прекршока предвидени во чл. 20-А од ЗГРП ( не издавање на фискална сметка) а во 1 угостителски објект констатиран е 1 прекршок по чл.46 ст.3 од Законот за приватно обезбедување.

Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни инспекциски служби ќе продолжат да се реализират и во претстојниот период.