СВР СТРУМИЦА ГО ПРОНАЈДЕ МОМЧЕТО КОЕ ВОЗЕШЕ СО АВТОМОБИЛОТ НА ПЛОШТАДОТ И ДОБИ ПАРИЧНА КАЗНА!

октомври 9, 2021

Денеска (09.10.2021) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, постапувајќи по пријава за претходно објавени снимки на социјалните мрежи, според кои патничко возило се движи на места определени за пешаци по ул.”Благој Ј.Мучето” и на плоштадот “Гоце Делчев”, по преземени мерки и активности ги пронашле возачот и возилото.

Притоа било констатирано дека станува збор за Н.А.(23) од с.Градашорци кој управувал патничко возило “голф”, со струмички регистарски ознаки.

За непочитување на законските прописи против Н.А. се изречени соодветни платни налози.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ