Шпанскиот амбасадор во Северна Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, на својот официјален Твитер профил сподели сведоштво за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на скопскиот аеродром чекал ред како секој друг патник.
„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичкото пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за еднаквост и нормалност. Браво!“, напиша Рафаел Сориано Ортиз.
Оваа негова објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина го поздравија ваквиот потег на Мицкоски, истакнувајќи дека политичките лидери треба да бидат пример за граѓаните.
Сведоштвото на амбасадорот Ортиз доаѓа во време кога се водат дебати за привилегиите на политичарите и дали тие треба да користат посебни третмани при патувањата.