Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по четврти пат го освои Суперкупот кој од оваа година го носи името „Драган Василов Цевка“, откако во СРЦ „Кале“ го совлада Работнички со 79:78.
Двете екипи имаа свои минути, а на крајот одлучи искуството на аеродромци кои во „Јане Сандански“ по четврти пат го носат трофејот од Суперкупот.
Воедно, „сино-белите“ ги обединија титулите од шампионатот и од Купот на Македонија и повторно ја најавија својата кандидатура за највисок пласман во новото првенство.
Адем Мекиќ со 27 и капитенот Дамјан Стојановски со 16 поени беа најзаслужните кошаркари во победничкиот состав.
Во тимот на Работнички се истакнаа Недим Мустафица со 24 и Емерсон со 23 поени.
Честитки за МЗТ и за нивниот тренер, струмичанецот Васко Атанасов!