strumica denes logo

Струмица прва во државата и на Балканот со мрежа на сензорски монитори за воздух!

Автор:

Датум:

мај 8, 2025

Автор:

Датум:

мај 8, 2025

На територијата на општина Струмица деновиве беа поставени сензорски монитори за откривање на изворите на загадување на воздухот. Ваквата мрежа, каква што досега имаат воспоставено повеќе од 90 светски метрополи, меѓу кои Лондон, Париз, Хелсинки, Барселона, Милано, Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиднеј и Ванкувер, е прва од ваков вид не само во Македонија, туку и на Балканот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Шест вакви уреди се поставени на клучни локации низ градот, со што започнува нова фаза во системското следење и справување со аерозагадувањето. Секој граѓанин ќе има можност преку мобилна апликација во реално време да ги следи концентрациите на РМ2.5 честичките, а податоците ќе бидат достапни и за општинските инспекциски служби, кои ќе можат навремено да реагираат во случаи на прекумерно загадување.

Проектот претставува надградба на веќе започнатите еколошки иницијативи во Струмица, како што се електричниот јавен превоз и мрежата на велосипедски патеки. Целта е намалување на загадувањето и обезбедување поквалитетна животна средина за сите жители.

Општината најавува дека системот ќе продолжи да се проширува со нови локации и во останатите населени места, со што ќе се обезбеди поширока територијална покриеност и подобра ефикасност во мониторингот и контролата на загадувањето.

Иницијативата беше поддржана и од граѓанскиот сектор, а се реализира по долгогодишни јавни заложби и заеднички напори за обезбедување почист воздух.