strumica denes logo

СТРУМИЦА НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА ГРАДОВИ КОИ ПОТРОШИЛЕ НАЈМНОГУ ПАРИ НА ЗАБАВНИ МАНИФЕСТАЦИИ И ИЗВЕДУВАЧИ!

Автор:

Датум:

декември 20, 2024

Автор:

Датум:

декември 20, 2024

Повеќе од еден милион евра годишно трошат општините на забавни манифестации и изведувачи… Најголем дел од парите одат кај пејачки и пејачи како Северина, Јелена Розга, Саша Ковачевиќ.

„Можеби досега имаше некаков мит, постоеше, дека станува збор за донации, дека плаќаат одредени фирми. Ова се еден милион евра пари од буџетите на општините, значи од граѓаните“, изјави Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Но, истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека овие постапки не се транспаренти и дека вообичаено нема јавни огласи?

За последната цела календарска година, 2023-та, во категоријата топ пет потрошувачи се: Струмица со исплати од 190 илјади евра, Кавадарци со 156 илјади, Град Скопје 110 илјади, Штип со 86 и Велес со 48 илјади евра.

Токму поради тоа што не станува збор за мали пари, загрижува ниската транспарентност при овие постапки, велат од Центарот за граѓански комуникации.

„Речиси сите некако го имаат избегнато спроведувањето на Законот за јавни набавки, односно сите имаат избегнато некаква конкурентна постапка. Законот дозволува за вакви манифестации до десет илјади евра да се спроведе т.н. постапка со посебни услуги односно да не се спроведе тендер. Понатаму, ако е над десет илјади евра, може да се спроведе еден вид на… да се објави оглас и да се спроведе постапка со преговарање или претходно известување. Така што, сето тоа се минимални, да кажам, процедури“, рече Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Целосната вест може да ја погеднете на следниот линк: https://360stepeni.mk/video-se-troshat-do-milion-evra-godishno-a-rechisi-nema-pravila-kako-opshtinite-biraat-pejachki-i-pejachi/

ИЗВОР НА ОБЈАВАТА: 360 СТЕПЕНИ