strumica denes logo

СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ: Телевизија ВИС ја затвори семејството на Костадинов, а сега сајтот го користат за линч на неистомисленици!

Автор:

Датум:

мај 28, 2025

Автор:

Датум:

мај 28, 2025

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Семејството на Костадинов ја затвори телевизија Вис, телевизија во Струмица, а сега нејзиниот сајт го користат за линч на политички неистомисленици

Зетот за сестра на Костадин Костадинов, Никола Милушев е сопственик на фирмата Синерџи Груп која пак е единствен сопственик на ТВ Канал ВИС од 2022 година.

Зетот за сестра на Костадинов, во периодот кога Костадинов е градоначалник отвара 5 компании за градежништво, автошкола, соларна енергија и ја купи најпознатата телевизија во регионот ВИС телевизија.

Вис Телевизија која важеше за медиум кој ги информира струмичани, може да забележите дека се претвори во телевизија за ПР промоција на Костадинов.

Истата телевизија пропадна за рекорден период од 2 години, ја изгуби лиценцата, а вработените се жалеа за неисплатени обврски.

Костадинов како што ја распадна општината, фирми блиски до неговото семејство го распаднаа еден од подобрите медиуми во регионот.

Добро за демократијата и слободата на медиумите е антикорупциска комисија и обвинителството да се позанимава со фирмите блиски до семејството на Костадинов отворени во периодот кога тој бил Градоначалник.