Home

Perdormire
Струмица

СТРУМИЧКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ СО БОЈКОТ – ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ НЕМА ДА БИДАТ ПРИСУТНИ НА ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊАТА ПОРАДИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА Е-УЧЕБНИЦИТЕ!

Home

Испратено од група средношколци од Струмица:

Струмичките средношколци од денес почнуваат со бојкот.

Наредните работни денови нема да бидат присутни на онлајн предавањата.

Главната причина е воведувањето на е-учебници од септември.

Како што велат, тие сакат новата учебна година да ја започнат во училишните клупи и бараат надлежните да преземаат некои мерки.

Тие се поддржани од страна на нивните родители и професори, а бојкот веќе има и во други градови во државата.

Средношколците се надеваат дека ќе бидат поддржани и од другите средни училишта во земјава, со цел сè да се врати во нормала.