strumica denes logo

СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СО ДВА ТИМА ПОЖАРНИКАРИ-СПАСИТЕЛИ СО АЛПИНИСТИЧКА И ДРУГА ОПРЕМА ГО СПАСУВАА ДЕВОЈЧЕТО ОД ПРОВАЛИЈАТА!

Автор:

Датум:

јуни 25, 2024

Автор:

Датум:

јуни 25, 2024

На 24.06.2024 година, околу 20.30 часот по добиена дојава од ЦУК 112 за паднато 16 годишно девојче во провалија на трим патеката Св.Илија, на терен излегоа два тима од 7 пожарникари -спасители со алпинистичка и друга опрема.

По интензивна потера која траеше околу 30 минути, заедно со тим од полицајци и тим на брза помош, девојчето во свесна состојба но со видливи повреди на главата и едната нога беше лоцирано од страна на пожарникарскиот тим. Веднаш беше стабилизирана и со координирана акција на сите тимови извлечено од провалијата и префрлено во Општа болница Струмица.