На 10 декември, петмина од седумчлената експедиција успешно го искачија врвот Охос дел Саладо (6.893 м) на Андите во Чиле. Меѓу искачувачите е и Никола Матушко, член на планинарскиот тим „Ентузијаст Струмица“.
Од истата екипа, вториот претставник на „Ентузијаст Струмица“, Благој Ѓузелов, при искачување до висина од околу 6.500 метри поради здравствени причини бил повлечен назад од водачите на експедицијата, со што навремено била донесена одлука за безбедно повлекување.
Искачувањето на Охос дел Саладо се вбројува меѓу најтешките високогорски подвизи, особено поради фактот што во вакви услови не се користи дополнителен кислород, што дополнително го зголемува физичкиот и здравствениот ризик на голема надморска височина.























