Во овој период од годината, кога земјоделците ги подготвуваат своите површини за сеидба, често се забележува палење на стрништа, меѓи, плевел и друг вид отпад. Во минатото, ваквите активности доведоа до сериозни пожари, предизвикувајќи значителни материјални штети на имотите на граѓаните.
Поради ова, Секторот за внатрешни работи Струмица упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да се воздржат од палење на оган на отворени и необезбедени простори. Особено се нагласува потребата од избегнување на:
палење на стрништа, земјоделски и други површини,
фрлање отпушоци и догорчиња од цигари,
палење отпад или други горливи материјали.
Струмичката полиција потсетува дека намерното или невнимателното предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира согласно законот. Надлежните институции остануваат посветени на спречување на ваквите инциденти и повикуваат на одговорност од сите граѓани.