strumica denes logo

Струмичката полиција експресно ја расчисти кражбата на 8.000 евра – Синот го ограбил својот татко!

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

Автор:

Датум:

мај 10, 2025

На 10 мај 2025 година, од страна на полициски службеници од ООК при СВР Струмица беше расчистено кривично дело „Кражба“ по член 235 став 1 од Кривичниот законик, пријавено ден претходно, на 9 мај 2025 година од страна на А.Р.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Пријавителот навел дека во периодот од 25 април до 9 мај 2025 година од неговиот дом била украдена парична сума од 8.000 евра, во апоени од по 100 и 50 евра.

По преземени мерки и активности, биле спроведени службени разговори со повеќе лица, при што било утврдено дека кражбата ја извршил неговиот син, М.Р. Во разговор со полицијата, М.Р. го признал делото и изјавил дека потрошил 4.600 евра, додека преостанатите 3.400 евра ги сокрил во фиока од плакарот во неговата соба.

Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.