СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ВЧЕРА КАЗНИ 36 ВОЗАЧИ НА АВТОМОБИЛИ КОИ ВОЗЕЛЕ БРЗО И 11 МОТОРЏИИ КОИ НЕ КОРИСТЕЛЕ КАЦИГА, НЕМАЛЕ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И РЕГИСТРАЦИЈА!

јули 2, 2021

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (01.07.2021 година) во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведе засилени контроли над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 36 прекршоци.

Истиот ден, во периодот од 20.00 до 24.00 часот, Секторот за внатрешни работи Струмица спроведе засилени мерки и над возачите на мотоцикли, при што биле констатирани 11 прекршоци, од кои 5 биле за некористење на заштитен шлем-кацига за време на возење, 3 за управување без возачка потврда/дозвола, 2 за изминат рок на важност на регистрацијата.
Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ