СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОДНЕСЕ ДВЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИ ДВЕ ПРАВНИ ЛИЦА ОД СТРУМИЦА – НЕМАЛЕ СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО ОБЈЕКТИТЕ!

октомври 7, 2020

СВР Струмица поднесе две кривични пријави против две правни лица од Струмица, против А.Р.(25) од Струмица и Н.М.(30) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.08. и 29.08.2020, пријавените постапиле спротивно на протоколот за отварање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, односно на повеќе стоечки маси немало средства за дезинфекција и околу нив биле присутни повеќе лица од дозволеното. Исто така, во објектот имало организирано и музички настапи без да биде обезбедно потребното растојание помеѓу гостите и естрадните уметници.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ