Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува граѓаните дека денес 22.06.2020 година, во заедничка координирана акција со Државниот пазарен инспекторат, во централното градско подрачје во Струмица,
поточно на тротоарите пред и позади ГП “Глобал“ одземена е поголема количина земјоделски и прехрамбени производи од страна на нерегистрирани продавачи.
Ваквата активност е произлезена од претходно доставената Молба од Здружени продавачи ГП “Глобал“
и одржаниот Локален совет за превенција на општина Струмица.
Ваквите координирани активности ќе продолжат и во иднина заедно со надлежнте инспекциски служби.