СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА И ЦРВЕН КРСТ, ДЕНЕСКА НА ВЛЕЗОВИТЕ ВО СТРУМИЦА МЕРЕА ТЕМПЕРАТУРА НА ПАТНИЦИТЕ И ДЕЛЕА ЗАШТИТНИ МАСКИ!

јуни 5, 2020

Денеска струмичката полиција и Црвен крст-Струмица, на влезовите во Струмица имаа заедничка акција, односно мереа температура на дел од патниците и делеа заштитни маски. Како што информираше за нашиот портал Хризантема Рендевска која е началник на Отсек за превенција при СВР-Струмица, овие заеднички акции ќе продолжат и понатаму за доброто на граѓаните.

Рендевска апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките, да се чуваат самите себе и своите најблиски.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ