Home

Perdormire
Струмица

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ДЕНЕСКА СО ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ: „СТОП ЗА ВОЗЕЊЕТО ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ“ И „БРЗОТО ВОЗЕЊЕ УБИВА“ !

Home

Отсекот за превенција при СВР Струмица, денес, во партнетство со РСБСП, ОСБСП и ОО на Црвен Крст од Струмица, реализира превентивни активности насловени: “Стоп за возењето под дејство на алкохол” и “Брзото возење загрижува, Брзото возење убива!. Од страна на РСБСП беа обезбедени специјални т.н “пијани очила” кои симулираат различни степени на алкохол во крвта, преку практично демонстрирање пред граѓаните учесници во сообраќајот кои изразија желба да ги пробат т.н. “пијани очила” имаа можност да ја доловат перцепцијата и физичките способности во пијана состојба и да се уверат дека во ваква состојба не се во можност да направат некои сосема обични работи.Притоа полициските службеници апелираа “Не вози пијан! Ова лето безбедноста нека ти биде на прво место!

Во текот на денот на магистралниот пат А4 Струмица -Ново Село, реализирана е и превентивна активност насловена: “Брзото возење загрижува, брзото возење убива! каде на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци и истовремено им беше укажувано дека најголемиот број од сообраќајните незгоди се предизвикани од непочитувањето на ограничувањето на брзината. Со апел да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да бидат одговорни возачи во сообраќајот. Целта на превентивните активности е подигање на сообраќајната свест и култура ксј возачите во врска со почитување на сообраќајните правила и прописи.