Home

Perdormire
Екологија Струмица

СТРУМИЧКАТА ОКОЛИНА ПО ВТОР ПАТ МАСОВНО СЕ СОЕДИНУВА , СИТЕ СО ЕДНА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ: EKO АКЦИЈА „ЧИСТИ РИДОВИ ЗА СИТЕ”

Home

СТРУМИЧКАТА ОКОЛИНА ПО ВТОР ПАТ МАСОВНО СЕ СОЕДИНУВА , СИТЕ СО ЕДНА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ:
🌳 EKO АКЦИЈА “ЧИСТИ РИДОВИ ЗА СИТЕ” 2 🌳

После успешното завршување на првата , се соединуваме повторно на втората Еко Акција: Чисти ридови за сите.
“ВК Актив” заедно со членовите на здруженијата Беласица Ран,Ентузијаст,Црвен крст-Струмица,Младински совет-Струмица,Монго кампинг,ЗСК Југоисток,Здрава котлина,Планетум Еделвајс,мотокрос клуб Џабл, Контекст ( Kontext), П.А.Е.К. Маратон, Strumica Online, ЦИА Новус Струмица,МВП Академија, Риверсаунд,Риверсофт,Повик од Дивината,КК Струмица, СОУ Јане Сандански,Тимас ,ЈП Комуналец- Струмица, One way dance studio,Алпинистички клуб Скала, Радиоаматерски клуб Струмица, Зелен Крст на Македонија, Стига Е, Општина Струмица, Општина Босилово, Општина Ново Село, СОУ Никола Карев, СОУ Димитар Влахов, Еко Долина, Општина Василево, ОУ Гоце Делчев, ОС Атанас Нивичански, Невладин сектор Спортисти како и Европска куќа- Струмица ( Europe House- Strumica), повторно доаѓаме во одбрана на нашата голема љубов: МАЈКА ПРИРОДА, овојпат во поголем состав.🌍

Ни претставува огромно задоволство да Ви најавиме дека 🌳Еко Акција “Чисти ридови за сите” 2 🌳 ќе се одвива на 27.03.2022, со почеток во 09:30, на повеќе локации, за разлика од минатата акција,која се одвиваше само во Струмица ( СОУ Никола Карев-Чам Чифлик, Св.Илија, Ловен Дом), и тоа:

🍀 СТРУМИЦА: СОУ НИКОЛА КАРЕВ ➡️ ЧАМ ЧИФЛИК-➡️СВ.ИЛИЈА
🍀 БОСИЛОВО: МАНАСТИР ХАМЗАЛИ➡️БРАНА ИЛОВИЦА
🍀 НОВО СЕЛО: МОКРИНСКИ ИЗВОРИ➡️ БРАНА НОВОСЕЛСКА ➡️ КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАДИ
🍀 ВАСИЛЕВО: БРАНА ТУРИЈА

👉 Код на облекување – комфортна облека, а препорачливо е да си имате обезбедено соодветни обувки за предвиденото пешачење. За членовите од здруженијата,доколку се во можност, препорачливо е да носат нешто со што ќе го истакнат името и логото на здружението во кое припаѓаат. Секој учесник да си понесе со себе резерва облека и вода.

👉 Реквизитите за собирање на отпад – ќе биде обезбедено се од наша страна ( ракавици, најлон вреќи, соодветно возило за собирање на отпадот)
📨 Поканата на оваа заедничка акција е од јавен карактер и се однесува за сите активни граѓани, и мали и големи, кои имаат желба и се во можност да учествуваат.

🌍Придужете ни се, за нашата ЧИСТА МАЈКА ПРИРОДА!!!