Perdormire
Струмица

СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АВСТРИЈА, 31 ЕЛЕКТРИЧНИ КРЕВЕТИ, КОЛИЧКИ ЗА ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА, УНИФОРМИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ Е САМО ДЕЛ ОД ПОМОШТА!

Наке Гогов, директор на струмичката болница:

Денеска повторно добивме донација од истата организација од Австрија која донираше пред неколку месеци.

Добивме нови 31 кревети-електрични со нови душеци, добивме 8 детски бокс креветчиња за новородени, 4 електрични колички за инвалидизирани лица, помагала за движење, 20 колички за инвалиди, ортопедски гипсери, униформи за вработените, постелнина, крпи и многу други средства кои се потребни за функционирање на болницата.

Искажувам голема благодарност до господинот Зоран Мицев – Зиго шпед од Радовиш и до ѓоспоѓата Марта Раитер од Австрија.

Соработката ќе продолжи и понатаму.