strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА: Важно е силно да веруваш дека ќе успееш!

Автор:

Датум:

октомври 6, 2026

Автор:

Датум:

октомври 6, 2026

Заминувањето од Струмица, животот во Германија и упорноста да го оствари музичкиот сон се во срцето на новата песна „Proud of Me“ на Тина Русева, пишува smart.sdk.mk.

Струмичката пејачка во неа ги препознава сопствените почетоци – периодот кога работела во ланец за брза храна и сонувала за музичка кариера. Преку песната ги пренесува сомнежите, тешкотиите и гордоста што не се откажала, со порака дека стравот не треба да биде пречка за остварување на соништата.

Автор на музиката и текстот е Коста Петров, а аранжманот го потпишуваат Боб Вогстон и Том Ридер. Песната е снимена во студиото „Липака“, додека видеото е во продукција на Дарко Јовановски.

Новото издание следува по нејзиното учество во „Гласот на Германија“, победата на онлајн натпреварот „Гласот на Европа 2025“ и објавувањето на македонската авторска песна „Своја“.