СТРУМИЧАНКАТА ДРАГАНА КОСТОВА УШТЕ ЕДНАШ ЈА ОСВОИ ГРАНДОВАТА СЦЕНА И СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО СЛЕДНИОТ КРУГ!

март 27, 2022

16-годишната Драгана Костова уште еднаш покажа и докажа зошто нејзиното место е на сцената на најголемото регионално натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Во саботата започна петтиот круг, а дуелите овој пат се помеѓу новите и старите кандидати, кои натпреварувањето го почнуваат од овој круг, како што беше највено уште од почетокот на оваа сезона.

Мразот оваа сабота го скрши нашата Драгана од Струмица, која не дозволи искуството на противкандидатот да ѝ ја разниша самодовербата и на еден спектакуларен начин се претстави со двете песни. Првата песна која ја отпеа беше „Меланхолија“ од Јелена Томашевиќ, а втората „Збуњена“, која во оригинал ја пее Ивана Петерс.

За овие две песни Драгана доби максимални 6 гласа, но за жал во прегласувањето победи нејзиниот противкандидат. Тоа, не ја бутна, туку ја мотивираше за уште подобро да ја отпее втората песна во бараш, по кој Саша Поповиќ, одлучи дека местото на Драгана е во следниот круг.

Настапот на младата струмичанка може да го погледнете во видеото во продлжение од 05:00 минута:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: