СТРУМИЧАНИ БАРААТ „МИЗАР“ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2019!

јуни 23, 2019

На фејсбук се појави група во кој струмичани бараат од организаторите на Струмица Опен Фестивал 2019 да бидат донесени „Мизар“ во Струмица.

„МИЗАР е македонската рок група која заслужува поклон до земја! Да се избориме со масивна бројка на поддржувачи која ќе допре до организаторите на STRUMICA OPEN FEST 2019, за истите да превземат итни мали промени со додавање на горенаведениот рок бенд во програмата !!! Почитувани организатори од ОПШТИНА СТРУМИЦА очекуваме на поддршка од Ваша страна ова го пишувам со огромна почит кон Вас во име на фановите на МИЗАР !!!

П.с. Почитувани фанови на “МИЗАР” Ве молиме ИТНО да го споделите постот, и масовно да дадеме поддршка на групава.“ – напишаа тие во фејсбук групата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: