strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦ ПРЕГАЗИЛ ВЕЛОСИПЕДИСТ И ИЗБЕГАЛ!

Автор:

Датум:

јуни 6, 2024

Автор:

Датум:

јуни 6, 2024

Шеесет и четиригодишен струмичанец прегазил велосипедист по што избегал од местото на несреќата, но за негова несреќа бил фатен од полицијата по неполн час.

„Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, Г.Б.(64) од с.Василево, струмичко, управувајќи патничко возило „рено меган“ со струмички регистарски ознаки, удрил во велосипед управуван од З.П.(40) од село Брајковци, валандовско, по што го напуштил местото. По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени во 18.20 часот во село Василево и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица“, информираат од МВР.