Вардар направи чудо против Веспрем и од минус шест, успеа да дојде до реми и тоа благодарение на нашиот струмичанец, голманот Васил Гогов. Гогов на овој натпревар блесна во сиот сјај.
Вардаровиот чувар на мрежата кој поседува талент доби 15 минути меѓу стативите. Според статистиката објавена на интернет-страницата на ЕХФ, Гогов забележа осум одбрани, меѓу нив и еден седмерец, а натпреварот во полната сала во Веспрем, каде секогаш постои притисок да се игра, го заврши со ефиаксност од 57% одбранети удари.
Интервенциите му беа 1/2 од седум метри, 5/8 од шест метри (62%), 1/2 од девет метри и 1/2 од крило. Струмичанецот Васил Гогов дебитира во Лигата на шампионите токму против Веспрем во 2019 година во натпревар кој се одигра во Скопје.