Струмичанецот Трајче е меѓу топ 5 најдобри на големото натпреварување „ROME NPCPROMASTERS“ кое се одржа во Италија. Иако конкуренцијата беше навистина голема, Трајче успеа да се пласира во големото финале.
„Прво големо натпреварување за мене и прв голем резултат. Презадоволен сум од покажаното таму. Немаше да успеам без мојот тренер Тоше Зафиров кој секогаш ми е поддршка. Благодарност и до сите.“ – изјави Стојанов за Струмица Денес.
Честитки и од нас. Само напред!