Полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 годишно лице од Струмица.
Од МВР информираат дека тој бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека претходно вечерта околу 23:20 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите татко, брат и снаа.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
ФОТО: АИ






















