Home

Perdormire
Струмица

Струмичанец синоќа ја налутил Слаѓа Алегро и искуството веднаш го сподели на инстаграм!

Home

Српската пејачка Слаѓа Алегро се пожали дека вчеравечер имала непријатно искуство на настапот во дискотека во Струмица. Додека пеела во еден од ноќните клубови во градот, на бината се качило момче оти оттаму му било најлесно да помине до другата страна на клубот. По настапот, Слаѓа на инстаграм ја раскажа за непријатната ситуација.

„Знае ли некој да ми објасни што му се врти во мозокот на некој што среде настап сака да пројде преку бината каде стојат и свират музичари? Само сакал да пројде оттука оти му било гужва. Каде другар, кадеее???“, напиша пејачката.

Освен ова, таа објави и слика направена пред настапот. „Вчеравечер во Струмица“, напиша Слаѓа, а струмичани ја пофалија за одличната журка што ја направила во клубот.