strumica denes logo

СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДНА ГРАДИНКА СО КАПАЦИТЕТ ЗА 300 ДЕЧИЊА, ЦАРОВСКА И КОСТА ЈАНЕВСКИ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ГРАНТ ЗА ИЗРАДБА!

Автор:

Датум:

октомври 8, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 8, 2019

Категории:

Струмица

Со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, потпишаа Договор за грант за изградба на нова градинка во општина Струмица. Како што веќе беше најавено, новата градинка со капацитет за 300 дечиња ќе се гради во просторот на поранешната касарна.

„Со изградбата на новата градинка и останатите активности кои што ги реализираме и планираме во оваа област, решаваме голем проблем со сместувачките капацитети на децата од предучилишна возраст. Нашите најмлади сограѓани се и остануваат наш приоритет.“ – напиша Коста Јаневски.