Струмица доби Инфо пункт за млади невработени и бизнис секторот. Пунктот претставува обид за создавање своевидна симбиоза помеѓу двете целни групи, при што искрено очекувам дека полза ќе имаат и едните и другите. Имено, според идејната поставеност на инфо пунктот, тој претставува канцеларија во која младите ќе можат во секое време да ги добиваат посакуваните информации за понудата на бизнис секторот во Струмица, во делот на вработување, практична работа и волонтерство, а од друга страна ќе го користат и бизнисмените во поглед на задоволување на своите бизнис потреби од вработување на млади кадри. Проектот „Младите – клуч на иднината на бизнис секторот“, се спроведува во партнерска соработка на Здруженијата – „Центар на заедницата на општина Струмица“ и „Струмичка бизнис заедница“, во рамките на. „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан“, финансирана од Европската Унија, спроведувана од УНДП, а во чијашто реализација учествува и општина Струмица со 20 посто од вкупниот буџет со што го потврдуваме нашето партнерство со граѓанските организации и истовремено ги мотивираме да креираат проекти со кои се унапредува развојот на Општината.
СТРУМИЦА ДОБИ ИНФО ПУНКТ ЗА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ И БИЗНИС СЕКТОРОТ!
За време на Студената војна, американската Централна разузнавачка агенција спроведе неверојатни експерименти кои го надминаа вообичаеното разбирање на науката. Еден…
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од…
Шеесет и пет годишен струмичанец вчера бил уапсен откако полицијата кај него и во неговиот дом пронашла дрога. Од МВР…
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…