„СТРУМА“, „МУЛЕН РУЖ“ И „ГАЗЕЛИ“ НА ВРЊАЧКИОТ КАРНЕВАЛ КАКО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ!

јули 19, 2021

Своето најново претставување , карневалските групи: “Струма”,”Мулен Руж” и “Газели”, како претставници на Струмичкиот карневал, го имаа на 18тиот Врњачки карневал, кој се одржа на 17.07.2021 г. во Врњачка Бања, Р.Србија. Нивните атрактивни маски, кои сме навикнати да ги гледаме, ја збогатија понудата на интернационалната карневалска поворка, оставајќи силни впечатоци кај публиката. Трпеливо ги чекаме моментите кога тие, со најнови креации, ќе се претстават и пред нашата домашна публика.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: