strumica denes logo

СТРАНСКА ФИРМА И’ НУДИ НА МАКЕДОНИЈА ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА ОД БАНГЛАДЕШ – ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ВЕШТИ, КООПЕРАТИВНИ И РАБОТАТ ГОЛЕМ БРОЈ НА ЧАСОВИ!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2024

Автор:

Датум:

јуни 8, 2024

На мејлот на повеќе компании во земјава стигнала интересна порака, од извесна компанија која нуди работници од Бангладеш, а за деталите околу оваа понуда, бара компаниите да им закажат состанок, на кој би се договориле сите поединости.

Дел од компаниите кои работат во земјава ја споделија со нас оваа имејл порака, а која Фактор ја пренесува до читателите.

„Ние сме компанија со работна сила за снабдување на квалификувани и најдобри работници од различни земји, како Бангладеш, Индија, Непал итн. во земјите на ЕУ. Работниците од Бангладеш се многу вешти, кооперативни, многу флексибилни и напорно работат. Тие можат да работат долги часови. Се надеваме дека ако вработите работници од Бангладеш, вашата компанија дефинитивно ќе има корист, ќе заштедите време, а сигурно ќе заштедите и пари.

Можеме да ви дадеме гаранција за нивната безбедност. Ако одлучите да ангажирате работници од нас, дефинитивно можеме да преговараме за интересите на двете страни, и затоа е најдобро да се сретнеме. Ќе ни дадете ли време да направиме состанок за да разговараме за нашиот огромен интерес, ве молам? Ние не земаме пари од работодавецот, туку сносиме трошоци за виза, авионски билети итн. Ние само им помагаме на квалификуваните и сиромашните работници од Бангладеш. Бангладеш е многу сиромашна земја, но тие имаат огромни квалификувани луѓе без никаква работа. Ние ги избираме најсоодветните луѓе според вашите барања. Ние снабдуваме работници во Полска, Малта, Чешка, Романија и некои други европски земји.

Можеме да снабдуваме работници онолку колку што ви требаат, и тоа од еден до неколку илјади. Со нетрпение очекуваме да слушнеме со вас“, се вели во мејлот, кој е напишан на многу лош македонски јазик, веројатн поради користење на гугл транслејт, а не преведено од квалификуван и сертифициран преведувач.

Мејлот е испратен од извесна компанија Fakir International Ltd, а на него е потпишан М Аминур Рахман, како управен директор на таа компанија, која веројато има испостави во Краков – Полска и Дака – Бангладеш.