СТОП ЗА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО: Мирен, достоен и јавен собир во Скопје на местото каде загина младата Викторија Николова!

јануари 26, 2022

Организаторите на настанот:

Почитувани
Ве известуваме дека во знак на револт кон СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа.

Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи.

Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно.
Викторија е последната жртва од ваквото дивеење, да не се повтори, да не се дозволи.

Слава и нејзина, слава им на сите жртви од сообраќајни несреќи.

Кликни на следниот линк за настанот: https://www.facebook.com/events/459349008965154?ref=newsfeed

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ