СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ ГО ПРАВИ ТРАНСФЕРОТ НА СОНИШТАТА И ЗАМИНУВА ВО БАРСЕЛОНА?

јануари 10, 2022

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски по се изгледа дека ќе биде првиот наш интернационалец кој заиграл за Шпанскиот гигант Барселона. Според последните информации до кои дојде Спортмедиа, Димитриевски е сериозно блиску до Ноу Камп, и се уверивме дека тоа не е веќе само новинарска шпекулација туку нашиот репрезентативец е веќе во сериозни преговори за трансфер.

Голем плус во целата оваа приказна е фактот што Димитриевски изминатиот викенд не беше во составот на својот тим Рајо Ваљекано, а според информациите на Спортмедиа тоа не е ниту поради повреда, ниту поради опоравување од Ковид. Напротив, едноставно ниту клубот, ниту Димитриевски во моментов сакаат да ризикуваат не сакана ситуација пред така голем чекор напред.
Ова значи дека Димитриевски ќе го направи наскоро трансферот на својата кариера, ако секако се биде во ред со преговорите кои очигледно се во многу напредна фаза, и како ретко кој наш интернационалец ќе стане член на еден Европски но и светски фудбалски гигант.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: