strumica denes logo

СТАБИЛНО И ТИВКО ВРЕМЕ ДО ПОНЕДЕЛНИК, ВО ВТОРНИК МОЖНИ СЛАБИ ВРНЕЖИ

Автор:

Датум:

декември 18, 2025

Автор:

Датум:

декември 18, 2025

Под влијание на стабилна воздушна маса, до понеделник во Струмичкиот регион и пошироко ќе преовладува стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови, по одделни котлини, ќе има појава на магла, како и зголемена ниска облачност, која локално може да се задржи подолго време.

Во вторник, кон крајот на денот, се очекуваат услови за појава на локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој ќе придонесе за релативно поблаги временски услови за овој период од годината.