strumica denes logo

Стабилно до сабота, а потоа следуваат обилни врнежи

Автор:

Датум:

јануари 22, 2026

Автор:

Датум:

јануари 22, 2026

Краткотрајно затоплување и „лажно“ подобрување на времето не очекува во наредните денови, но метеоролозите веќе го вклучуваат алармот за крајот на викендот.

Според најавите од УХМР, се до сабота ќе имаме променливо облачно време. Она што ќе ги израдува граѓаните е порастот на дневните температури, што ќе создаде чувство на потопло време. Сепак, во котлините ситуацијата ќе биде поразлична – таму ќе има услови за појава на магла, па видливоста ќе биде намалена.

Викенд пресврт: Од сонце до обилен дожд и снег

Уживањето во повисоките температури ќе трае кратко. Временската „клацкалка“ се поместува веќе во сабота кон крајот на денот. Тогаш се очекуваат првите локални врнежи од дожд, додека на планините ќе започне да паѓа снег.

Но, главниот удар доаѓа во недела.

Во попладневните и ноќните часови во недела не очекуваат пообилни врнежи. Додека во низините ќе врне дожд, на повисоките места дождот ќе преминува во снег, што значително ќе ги промени условите за возење и престој на отворено.

Искористете ги наредните неколку денови, бидејќи неделата ни носи вистинска есенско-зимска атмосфера.

  • Banner