strumica denes logo

Спасовски: Запленети 750 килограми дрога во 2023 година во Македонија!

Автор:

Датум:

јануари 4, 2024

Автор:

Датум:

јануари 4, 2024

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи објави видео на кое се прикажани резултатите на полицијата во претходната 2023та година.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Како што се наведува во видеото, за овој период запленети се 750 килограми марихуана, а 1.4000 килограми дрога се уништени.

Сузбиени се шест организирани криминални групи и спречени се четири меѓународни транспорти на марихуана.

Во 2023 година вкупно се запленети 159 парчиња оруѓје, над 43.000 парчиња муниција и над 21.000 пиротехнички средства.