Спасовски: Среќен 31 роденден моја СДСМ!

април 20, 2022

Како државотворна партија одговоривме на сите предизвици од осамостојувањето на земјата, поминавме преку многу премрежја на узурпирана и заробена држава, заедно со граѓаните работевме на ослободување на системот, на воспоставување на демократски вредности и создавање на европска држава. Нашиот концепт Едно општество со еднакви можности за сите е пример за соживот и меѓусебно почитување и соработка.

Денес гласно можеме да кажеме дека сме меѓународно етаблирана демократија, со заштитен македонски идентитет и македонски јазик, дел од сојузот на најмоќните држави – НАТО и на пат таму каде што природно припаѓаме – ЕУ.

СДСМ продолжува одговорно и посветено да работи, секогаш во интерес на граѓаните и државата!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ