strumica denes logo

Советот на општина Струмица донесе одлука за нови вработувања во струмичката библиотека

Автор:

Датум:

март 16, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 16, 2018

Категории:

Струмица

Советот на општина Струмица на седмата седница донесе одлука за шест нови вработувања во библиотеката „Благој Јанков Мучето. Одлуката е донесена едногласно од сите советници.

,,Сакам да ја поздравам одлуката и на советниците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за годишниот план за вработување во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ за 2018 година, затоа што е од општ јавен интерес за сите граѓани на општина Струмица и можам да кажам дека нашата библиотека е една од најдобрите библиотеки во Република Македонија. Ова едногласно гласање и на советниците од СДСМ и на советниците од ВМРО ДПМНЕ нека биде награда за целиот ангажман на директорката и нејзиното залагање во тој период со многу малку вработени, само осум и со ангажман на директорката да работи и на пултот за издавање книги и еве ова нека биде наша награда, сите ние гласавме за шест нови вработувања кои се веќе одобрени од министерството за култура и министерството за финансии. Се надевам дека во 2019 година пак ќе добиеме согласнот за вработување, бидејќи пред 11 година во библиотеката имаше 18 вработени, рече претседателот на Советот, Марјан Даскаловски.