strumica denes logo

СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Нервозата расте, Марјан Даскаловски го прекрши деловникот за работа на Советот – СДСМ е без компас и си играат со пожарникарите и вработените!

Автор:

Датум:

август 8, 2025

Автор:

Датум:

август 8, 2025

Советничка група на Вмро-Дпмне, ОК Струмица:

Марјан Даскаловски го прекрши деловникот за работа на Советот, а СДСМ без компас си поигруваат со пожарникарите и вработените!

Како што се ближи крајот на СДСМ во Струмица, нервозата во нивните редови и кај нивниот кандидат за градоначалник Даскаловски се повеќе расте.

Даскаловски, како претседател на совет, не дозволи гласање за амандман во однос на платите на пожарникарите и вработените од општината за зголемувањата кој ги најави Костадинов, со што грубо го прекрши деловникот.

Даскаловски ги обвини сите и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и независниот советник и градоначалникот и општинската администрација под изговор дека тој е долгогодишен советник и дека само тој е во право.

Истите сцени од СДСМ во Струмица ги гледаме 2 децении, а вакви популистички потези од страна на СДСМ во Струмица веќе се прочитани од граѓаните.
Жално е што на тој начин сега си играат со емоциите на пожарникарите и вработените во Општината.

На крај Општината сега се наоѓа во најхаотична ситуација досега, оти никој не знае што ќе се случува со ребалансот на буџетот, во кој треба да се слеат 360 милиони денари од Владата поддршка за проектите во Струмица.

Потребни се промени во Општина Струмица!