СОВЕТНИКОТ ВЛАДИМИР РИСТОВ: Ковачевски лично ќе се заложил за законот за родова еднаквост? НЕ за насилно менување вредности со мејстрим родова идеологија!

март 6, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Ковачевски лично ќе се заложил за законот за родова еднаквост ⁉️

Претседателот на СДСМ Ковачевски, нека објасни на граѓаните прво што подразбира под родова еднаквост, да одговори колку родови постојат, а потоа да предлага манипулативен закон за родова еднаквост.

Дали под род мисли пол, или под род мисли разни родови идентитети како во предлог законот за родова еднаквост.

Иронија е што Ковачевски на марш за правата на жената, им кажува на жените дека ќе донесе закон за родова еднаквост, закон кој ќе овозможи и биолошки мажи да можат да бидат жени. Со тоа нема да се унапредат правата на жените, но и ничии други прави.

Еднакви можности меѓу жените и мажите – ДА, насилно менување вредности со мејстрим родова идеологија – НЕ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ