СОУУД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА!

септември 16, 2022

Секоја година 16 септември се одбележува како Светски ден за заштита на озонската обвивка. СОУУД ,,Димитар Влахов”, како ЕКО училиште, активно се вклучува во одбележувањето на тој ден. Годинава одбележувањето го спроведоа ученици и професори – членови на ЕКО-одборот на училиштето со поворка низ градот и носење транспаренти на кои беа напишани еко-пораки за важноста и значењето на озонската обвивка.

Поворката тргна од училиштето, па преку Градскиот парк, каде беа прочитани творби со содржини од екологијата, стигна до Европската куќа каде имаше одредени активности и се врати во училиштето. Патем, на минувачите им беа поделени еко-ќесиња претходно изработени од нашите ученици, на кои имаше напишано и нацртано еко-пораки.

На тој начин се надеваме дека ќе ја зголемиме свеста за важноста на озонската обвивка и ќе придонесеме за нејзино зачувување.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ