ЈПКД „Турија“, Василево ги информира жителите од населените места во општина Василево, (Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија) кои со вода за пиење се снабдуваат од Брана Турија, односно преку филтер станиците Ташли Баир и Добрашинци, дека водата е заматена и истата моментално не е за употреба и пиење.
Од ЈПКД „Турија“, информираат дека причина за заматеноста на водата се обилнните врнежи и порастот на нивото на водата во Браната. Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани.
ЈПКД „Турија“, Василево
в.д директор
Славица Василевска