СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ОД КОЛЕШИНО!

јануари 11, 2022

На 10.01.2022 во 13.30 часот било пријавено дека на автопатот „Гоце Делчев“, во насока од Скопје кон Штип, после наплатна станица „Миладиновци“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“, со албански национални ознаки, управувано од Б.Р.(29) од Р.Албанија и патничко возило „шевролет“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М.(62) од с.Колешино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и сопатникот од истото возило, С.Џ.(60) од с.Колешино, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ