СОФ 2021: ВЕЛО ТУРА СО „ВК АКТИВ“ КОН УБАВАТА ВЕЉУСА!

јули 20, 2021

⭐СОФ Вело Тура 2021🚴
И годинава го поттикнуваме спортскиот и авантуристички дух со нова Вело тура🚵

По пауза од една година, се враќаме на старите добри навики, но по нови велосипедски патеки🚵

Во соработка со ВК Актив ве покануваме на овогодинешната ⭐СОФ Вело Тура 2021🚴

Оваа година, се упатуваме кон убавата Вељуса🏡

📍Збирното место ќе биде на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ од 17:30, а во 18:00 часот тргнуваме кон Вељуса со 🚴своите велосипеди.

По пристигнувањето, предвидена е 🥤пауза за одмор и освежување и повторно враќање назад до Струмица.

🚵Оваа вело тура е предвидена за сите активни и рекреативни велосипедисти, за деца и возрасни. Потребно е да имате свој велосипед и желба за спортување и другарување.

Групата ќе биде обезбедена и придружувана од 🚙пропратни возила за безбедност и 🩺лекарска помош, а за секој учесник е обезбедена маичка и освежување👕🥤

Ајде сите на велосипед🚴🚴‍♀️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ